Денес во клубските простории на РК Еурофарм Пелистер, официјално беше потпишан договорот за професионален ангажман на новиот тренер, господинот Жељко Бабич

Инаку Жељко Бабиќ е поранешен селектор на Хрватската ракометна репрезентација и тренер на РК Загреб, РК Мешков Брест и РК Горење Велење.
Г-дин Жељко Бабиќ е роден на 19 мај 1972 година.
Во досегашната своја тренерска кариера, како помошник тренер со репрезентацијата на Хрватска има освоено бронзани медали на Олимписките игри во Лондон 2012 год, Европското првенство во Србија 2012 год и Светското првенство во Шпанија 2013 год.
Како селектор со ракометната репрезентација на Хрватска, на Европското првенство во Полска 2016 година го освои бронзениот медал.

Жељко Бабиќ е докажан ракометен стручњак, кој во овој проект влегува со голем ентузијам и желба за постигнување на врвни резултати и се разбира враќање на ракометните титули во најракометниот град – Битола.

Му посакуваме едно огромно добредојде, многу заеднички успеси и долготрајна соработка.

РК Еурофарм Пелистер

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here