Превкусно рижото, лесно за подготовка, а уште полесно за јадење, едноставно уживав во секој залак. Лесно е за припрема и релативно брзо за подготовка. За максимум 1 час од почетокот до крајот ќе имате превкусен ручек.

Потребни состојки

1 поголемо парче пилешки стек исечкан на мали парчиња
1 лажица вегета
400 г мешани ситно сечкани зеленчуци (користев замрзнат кинески микс, а вие можете да ставите кромид, лук, морков, грашок, боранија, зелка или некаков друг спремен зеленчуков микс)
1 шола миен ориз
половина шола бело вино
1 пилешка коца за супа сварена во 2 шоли вода
2 големи лажици путер
зачини по желба (црн бибер, куркума)

Припрема

Прво запржете го пилешкото во масло додека не порумени од сите страни, потребни се околу 15 минути. Мешајте константно на максимална температура. Додадете зеленчуков зачин.
Потоа додадете ги сите сечкани зеленчуци и продолжете со пржење. Зеленчуците ќе ослободат вода, пржете со постојано мешање додека водата не испари.
Потоа додадете го путерот. Нека се растопи.
Додадете го оризот и пржете 5 минути. Потоа додадете го виното и бујонот, додадете зачини по желба, промешајте, намалете ја температурата на тивко и покријте ја тавата со капак.
Варете околу 20 минути или додека цела течност не се впие во оризот. Внимавајте да не го преварите оризот, не треба да биде ни тврд ни многу мек.
Тргнете ја тавата настрана и оставете ја да поседи уште 10тина минути па потоа додека е јадењето се уште жешко, послужете.
Изрендајте обилно пармезан одозгора или некое друго тврдо сирење зашто рижотото нема да биде многу солено.
Јас си додавам и малку кари сос, а може да комбинирате и со соја сос. Сите комбинации се убави.
На здравје.

Рецепт од Гордана Аџиева-Михајловска