Рибја чорба освен што е една од најдобрите групи на овие простори, исто така е и една од највкусните чорби на овие простори. Првпат ја правев дома со преспански крап. Ем здрава ем вкусна, особено во комбинација со домашно макало од лук и домашно лепче, прсти да излижеш.


200-300 г риба
1 поголем морков
1 помал пашканат
1 целер со се зелениот дел
магдонос
вегета, црн бибер
1-2 лажици брашно
1 жолчка
фиде по потреба


Прво ставете ја исчистената риба да се вари во вода заедно со исчистените зеленчуци (морковот, пашканатот и целерот). По околу 40 минути, извадете ги настрана зеленчуците, а рибата во друг сад. Нека се подоладат малку, а за тоа време ставете фиде во течноста да се вари. Морковот исечкајте го и вратете го во течноста, пашканатот и целерот испасирајте ги преку цедалка. Рибата исчистете ја и чистото месо вратете го искинато на парчиња. Додадете зачини по вкус, а настрана изматете во ладна вода 1 или 2 лажици брашно, зависи колку течност имате и додадете 1 жолчка. Измешајте убаво и оваа мешавина додадете ја во чорбата со постојано мешање. Оставете да повари уште неколку минути.
Сервирајте ја жешка и наросете свеж магдонос директно во чиниите.
На здравје.

www.macedoniancuisine.com