„Траги Незавеани“ е емисија посветена на Стефан
Наумов -Стив од 1967 година.
Стефан Наумов -Стив роден бил во Битола, на 27 октомври 1920 година. Неговото семејство
водело потекло од селото Битуша, Леринско, Егејски дел на Македонија. Завршил гимназија
во Битола, а потоа студирал на Техничкиот факултет во Белград, каде што бил примен за член на СКОЈ и на КПЈ. Во Белград повеќе пати бил апсен, а по враќањето во Битола бил избран за секретар на
Месниот комитет на КПЈ. Од таа позиција развил жива активност за формирање на партиски
ќелии и привлекување на нови членови, а тоа особено дошло до израз во неговата активност
во битолското претпријатие за преработка на тутун позната како “Монопол”… За повеќе погледнете ја кратката репортажа.