Во нашата религија според верувањата на христијаните Марија Богородица била мајка на Исус Христос и сопруга на Јосиф. Марија е позната ѝ како Дева Марија, Светата Мајка, Мадона, Блажена Марија. Во православието и католицизмот таа е најпочитуваната светица, а во исламот е една од трите совршени жени.
Во црквата Богородица од страна на битолското атеље Пердика комплетно е реновиран и реставриран целиот иконостас кои беше уништен и од кого фалеја многу делови. Сите елементи се комплетно реставрирани како нови и се вратени на своето место. За финиш и долг рок доби комплетна заштита со восок и боја.
Инаку атеље Пердика е професионално уметничко атеље и академија единствено регистрирано во Македонија кое ова година навршува 25 години работа.
Во атељето работат самостојниот уметник Гоце Младен Крстевски, извршниот раководител и мајстор Филип Крстевски , единствениот магистер по резба мр. Митко Крстевски , Мирјана Крстевска и секако и други соработници.
Досега Гоце има учествувано на повеќе од 100 самостојни , заеднички изложби и колонии. Експонати од атељето има на сите континенти кај колекционери, политичари и други.
Гоце Младен Крстевски е иницијатор за формирање на ЗКМАК И ЗЗ Ерминија, добитник е на многу награди и признанија неколку пати најуспешен битолчанец, автор на книгата за резба “Душата на дрвото” .
Досега имаат работено на голем број големи проекти како што се иконостаси од проект до реализација, реставрација на иконостаси од цркви, изработка на ентериер за ресторани, хотели ентериер во Синодот на МПЦ ОА итн.
Изработени се повеќе од 30 иконостаси како Св. Петка Цапари, Св. Никола Крушево, Св. Атанасиј Журче. Св Петар и Павле Кичево, Св. Димитрија Волонгонг Австралија и др. Комплетна реставрација во Пресвета Богородица Битола, Св Димитриј Битола, Св.Атанасиј – Сивница, Св.Јован – Беранци, Св Елена И Константин – Вардино Св Атанасиј – Старавина и др.
Во моментот се работи црквата Св.Недела во с.Перово, Преспански регион. Пердика е професионално уметничко атеље остана едно од ретките кои се уште ја негува традиционалната македонска резба и остава уште многу спомени кои ќе се прераскажуваат.