Откако на промоцијата на книгата НАШИОТ ПАТ од авторите Марко Марковиќ GP и Стефан Рашковиќ Steffonator беше постигната рекордна продажба за овие простори, односно, првиот тираж беше целосно распродаден за само час и половина, голем број обожаватели и следбеници на овие мегапопуларни јутјубери, кои не успеаја да дојдат до својот примерок, нестрпливо го чекаа новото видео на јутјуберите за достапноста на нивната прва авторска книга!


На настанот на деценијата, најавен како промоција на книгата НАШИОТ ПАТ на GP и STEFFONATOR, се распродаде првиот тираж, а голем број следбеници и обожаватели, кои останаа без својот примерок, нестрпливо ја чекаа објавата за тоа дека книгата НАШИОТ ПАТ е достапна во книжарниците на ПРОСВЕТНО ДЕЛО. Откако вчера младите јутјубери објавија на своите социјални мрежи дека книгата е веќе достапна во скопските книжарници на ПРОСВЕТНО ДЕЛО, обожавателите и следбениците навалија што побргу да го грабнат својот примерок.

Вчерашните редици и навалица во книжарниците на ПРОСВЕТНО ДЕЛО се доказ за рекордна продажба!
„Вториот тираж од нашата книга е со вклучени автограми од нас за сите оние кои не успеаја да јакупат книгата за време на промоцијата“, изјавија младите автори.
Следбениците на Марко и Стефан од другите градови, пак, ќе можат да ги добијат своите примероци најдоцна до утре во сите книжарници на ПРОСВЕТНО ДЕЛО.

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here