Со дрвени клупи и маси е разубавена околината на Ротинско Езеро

од June 6, 2021 0 коментари

По иницијатива на Ротари клубот Битола, а во соработка со Националниот парк Пелистер во месноста кај Ротинското езеро се поставени пет клупи и две маси за вљубениците во природата и честите посетители на овој живописен дел од нашата непосредна околина.

Со реализација на овој проект, Ротари клубот Битола и Националниот парк Пелистер помогнаа во оплеменување на овој дел од падините на Баба планина кој се почесто е посетуван од битолчани. Заедничките активности ќе продолжат и во иднина, а до граѓаните се апелира посебно да бидат грижливи за заштитата на животната средина и да внимаваат на хигиената во овој дел.

Ротари клубот Битола изразува благодараност до Директорот и вработените во НП Пелистер за соработката и брзата реализација на оваа активност.

Ротари Клуб Битола

Babam Bitola

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *