Почитувани, Центарот за културна деконтаминација Битола во рамките на проектот „Раскажи ја својата приказна“– Проект за унапредување на локалните политики за културен туризам и потикнување на индивидуалното претприемништво преку туристичка валоризација на приватни објекти и семејни атрактивности со културно-историско значење ги Повикува граѓаните на Општина Битола кои поседуваат приватни објекти, предмети, приватни семејни колекции на фотографии, мебел, облека како и инструменти, алати, интересни лична и семејна историја и друга соопственост со културно-историско значење да се пријават за учество во проектот, со крајна цел туристичка валоризација на нивната соопственост и ставање во функција на локалната туристичка понуда.

Селектираните апликанти, ќе имаат можност да поминат низ атрактивни обуки од областа на туристичкото претприемништво , а нивните атрактивности ќе бидат подигнати на ниво на туристички производ/услуга.

Повикот ќе трае заклучно со 21.03.2018 г.

Пријавување на тел: 075 269 218