Ракометниот клуб на Пелистер го претстави своето најново засилување за следната сезона во ракометната Суперлигата на Македонија.
Од денес и официјално нов член на битолскиот тим е иранскиот ракометар Мохсен Карамиан, кој поради висината од 199 сантиметри и тежината од 110 килограми, во својата земја е попознат како „ракометен џин“. 23-годишниот Карамиан е стандарден репрезентативец на Иран и според квалитетите со кои располага би требало да биде големо засилување за тимот предводен од Томе Петрески.
Тој игра на позицијата на кружен напаѓач и за место во првиот тим ќе конкурира заедно со Константин Петров и Васко Димитровски, кои пред извесен период го продолжија својот престој во Битола.
Карамиан е четврто засилување за пелистерци во овој период, претходно потпис со битолскиот клуб ставија интернационалците босанскиот голман Плех и црногорското крило Поповиќ, како и Борјан Маџовски.
Извор Гол.мк