Битолчанецот Александар Димовски Димсата вечерва со технички нокаут и победа ја помина првата фаза од КОК во Сараево, каде под раководство на прочуениот Златко Неделковски го совлада словенецот Саша Јовановиќ.

За финалето во рингот се соочува со босанецот Санид Имамович.

Обновено: Димовски го завери билетот за финалето на Светскиот куп во тешка категорија на КОК со нокаут во првата рунда над Имамович!

Димовски одеше во страна и работеше на задавање удари. Имамович го притискаше македонецот. Димовски добро го поткачи со десната рака и го шокираше Имамович, а со неколку последователни удари ја довршии работата, по што му броеја до осум. Имамович беше демолиран и во лоша состојба, а судијата го прекина мечот.

Од спортист направив ѕвер, а од ѕвер Шампион!
Следно одиме за Професионална титула!
King of Kings or KOK fights World Series 2019 Sarajevo – Bosnia and Herzegovina!” – Златко Неделковски

Честитки Димса и Златко 👊👊👊