Познатиот актер и музичар Раде Шербеџија попладнево пристигна во Битола, каде вечерва ќе одржи концерт со својот бенд.

По пристигнувањето, Шербеџија беше пречекан на Широк Сокак, а неговиот престој е организиран во Sokak Heritage Apartments, сместени во самиот центар на градот. Оваа локација е познат избор за уметници и гости од меѓународен ранг и претставува препознатливо место каде престојувале и бројни ѕвезди за време на ИФФК Браќа Манаки.

Во текот на попладнето следеше кратка прошетка низ Широк Сокак и средби со долгогодишни пријатели, по што Шербеџија и бендот ја одржаа тонската проба пред вечерашниот концерт.

Организаторите упатуваат благодарност до спонзорот Sokak Heritage Apartments за обезбедените услови за престој.

Концертот на Раде Шербеџија е закажан за вечерва.








Фото: Диоген Хаџи Коста Милевски





