Септември-Декември 2021 година

Градски Парк, покрај спортска сала “Боро Чурлевски“ Битола

Битола, 06.10.2021

Целејќи кон поттикнување на физичка активност и здрави животни навики, во рамките на проектот “Sport@Street” финансиран преку Еразмус+ Спорт програмата на Европската Комисија, ЕКЕ Битола во соработка со локалните партнери организира за тренинг сесии за уличен тренинг (Street Workout).


Сесиите веќе ќе се организираат во градскиот парк (Street Workout парк) покрај спортска сала “Боро Чурлевски“ Битола секоја недела од 17:00 до 18:15 часот почувајќи од 19 септември 2021 и ќе траат до првата недела на декември. Вкупно ќе се одржат 12 тренинг сесии. Тие се од отворен тип за секого без разлика на возраст, искуство и физичка подготвеност, практично за секој кој сака да го подобри своето физичко и ментално здравје преку вежби со сопствената тежина. Настаните се водени од искусни тренери кои несебично го споделуваат стекнатото искуство и знаење.


“Уличен Тренинг“ (Street Workout) е движење кое се базира на вежбање со користење на јавно поставена опрема која се наоѓа во парковите и училишните дворови. Уличното вежбање промовира здрави животни навики преку користење на постоечки средства за вежбање, за кои не е потребен финансиски надомест. Во светот овој вид на спорт е доста популарен особено кај помладата популација. Покрај физичката и менталната корист од овој спорт, како придобивки од неговото практикување се: стекнување дисциплина, самоконтрола, автономија, социјализација, соработка и врсничка едукација, како и поставување позитивен пример во локалнота средина. “Уличен Тренинг“ се сретнува и под името “Гето Тренинг“ поради неговите зачетоци во гетата на Њу Јорк. Во нашата држава се изградени неколку паркови наменети за овој тип на спорт во Скопје, Битола, Охрид, Куманово и др. градови низ државава.