Прво место за битолчанецот Зоран Каранфиловски Ќаме во двете возења во класата МX на последната трка од македонскиот шампионат во Мотокрос на патеката Смолево во Битола и со овие бодови ја осигура титулата за 2021 година.

Во првото возење извозив без грешка од старт до крај на првата позиција. Во второто возење паднав на стартот поради судир со друг натрпеварувач, но сепак успеав да се вратам во трката и со солидно возење повторно да ја превземам првата позиција на неколку круга пред крајот и затоа можам да кажам дека оваа трка е една од моите најдобри во мојата кариера.

За овај успех сакам да му се заблагодарам и на публиката која ме бодреше и ми даде плус сила до крајот на трката.

Голема благодарност до моите спонзори : Новоматик, Астра Казино, Адмирал Казино, Тисот
Божиновски часовници и бижутерија, Конти Хидропласт и до мојот клуб Мото клуб Мотори и Здружение на моторциклисти Ѓорги Стефановски Битола…ни пренесе Зоран.