Некогашниот битолски гигант транспортното претпријатие Транскоп од Битола во екот на своето најуспешно работење имал свои преставништа во Белград,Минхен и Хановер.Транскоп повеќе години опстојуваше и успешно работеше на територијата на бившите Ју простори,Балканот,Европа,Русија и Блискиот Исток.
Денес ги преставуваме некогашните негови први возила како и потпишувањето на договорот па отворањето на новата автобуска станица во Битола.
Финансискиот директор Димче Јанковски со еден од новите автобуси за меѓуградски сообраќај
Администрацијата заедно со шоферите пред новиот возен парк за меѓународен товарен транспорт
Финансискиот директор сликан со првиот автобус на Транскоп,Битола
Камион приколичар за превоз на тешка механизација,единстен во Македонија и шести во тогашна Југославија
Потпишувањето на договорот за изградба на новата автобуска во Битола
Отворањето на новата автобуска станица во Битола
Фотографии и инфо од Стојанчо Јанковски на кој јавно му се заблагодаруваме….