Припреми за прв училишен ден порано:

– Те носат на стрижење оти летото косата и пораснала ко дива нискостеблеста грмушка и пола месец мислиш дека си ќор оти кркмата ти е пред очи. Те стрижат фино, со патец, ко со секира праен од берберот. За три дена ќе те стрижат нула оти си фатил вошки

– Прв пат сфаќаш дека бојлерот работи и во други денови освен недела. Те капат со шампон шо е забранет со Женевската конвенција како боен отров. После то во купатилото наоѓате паднати плочки, корозија на кадата, мртви глувци…

-Ти сечат нокти до коска, тек на факултет ќе ти пораснат пак, ако се запишиш.

– Облеката е ко за Велигден, пошто стварно то го носиш за Велигден под закани за животот и личниот интегритет од поблискот семејство дека ќе те лишат од живот ако го извалкаш.

– Се прај една слика пошто треба филмот во апаратот да трај и за одморот наредна година во Крани, а и таа слика ја немаш оти ќе се осветли филмот.

– Тураат чаша вода со лесно да ти е демек.


Припреми за прв училишен ден пред Корона:

– Максиминимилијан секогаш има супер фризура, цело лето мора да се слика со мама за на Инста, но сепак ќе одиме до кај Жанжаклепјаф малку да му ја среди според новите модни трендови за 28-ми до 30-ти август во светот на детските фризури

– Шопинг во Солун за облека. Малиот е поскапо облечен за 40 минути на школо отколку ти за матура и прва и втора вечер. Пантолоните и еспадрилите само коштаат колку поткровје во Делчево во строг центар. Се разбира тука мора и наочари за сонце во иста боја на еспадрилите.

– Се собира фамилија зато шо има покани со сликата на малиот Максиминимилијан седнат на биро со капа како да дипломира и нешто балони и омилен лик кој и да му е. Пепа Прасе, Мама Шарк, Сотир Костовски… Кетерингот е за ко скромна веридба, сепак не е мала работа да оди на школо 40 минути, да плачи дека е остаен сам и да се врати со мрсули на облеката од Солун. Нил Армстронг поскромно го испратија на Месечината.

– Слики два терабајти, 4к, висока резолуција. Си грми Инста на мама. Дрон го следи по пат малиот Максиминимилијан да се обележи патот до школото!

– Се тура чаша Евијан. Припреми за прв училишен ден во Корона

– Ти плачеш, татко ти плаче, мајка ти плаче, комшивката од трети плаче ама то е неповрзано со вас пошто е малку лабилна. Семејните односи се сериозно нарушени поради нервозата која се создава со платформа, камера, лаптоп, рентген, магнетна резонанца и виљушкар шо требаат за прв час. Ако се разведат твоите ќе мислиш дека то си крив шо ќе ти остави трајни последици на психа само ради едно уклучвање на Платформата.

– Не си капен, не се осеќа преку камера дека не си. Ни стрижан, пушти таму некој филтер и терај. – Мајка ти средува само до кај шо фаќа камерата, околу то изгледа ко Дрисла во полна пареа ко ќе е оти попушти психички да те трпи 9 месеци дома. И пие навечер ради тебе.

– Каква слика, какви пичкематерине? Ќе те сликаат на лаптоп кај шо седиш? Кај шо притискаш ентер со пижами долу и различни чорапи? Нема шанси…

– Ако преживеете како семејство до Нова година со онлајн наставата без посериозни тешки повреди ќе е добро, ако не за прв училишен ден место вода ќе пролиете крв.

Моџо Килингтон

Фото Интернет