Првата “озвучена” свадба во Битола беше свадбата на Коле Дамјановски во 1952 или 1953 г. “Озвучувањето” го изврши Кире Димитровски-Корајцата. Свадбата беше во куќата на Дамјановски и преку разгласот поставен во дворот неколку песни испеа Никола Автовски. Со него беше и глумецот Ацо Стефановски. Некои млади битолчани, меѓу кои и Никола Тасевсkи, случајно минуваа покрај домот во kоа се правеше свадбата, со гитарите в раце, и им се придружија на расположените сватови. Потоа, младите момчиња со гитарите, Автовски и Стефановски, заминаа на серенада, kaj cаkаната на Боби.
Извадок од Јубилејната монографија на Димче Миновски за Радио Битола
Фотографија насловна Битола стари фотографии