Многумина Битолчани ја познаваат како “Девојчето со цртежите” кое често го гледаме во пазарот и кое скромно ги продава своите цртежи по симболични цени.

Нашата позната сликарка и наставничка Анкица Стефановска во својата школа за сликање го надоградуваше талентот за цртање кај девојчето и заедно со кловнот Заги вчера за прв пат организираа прва хуманитарна изложба на делата од “Девојчето со цртежите”.

Настанот се одржа во “Везилка” каде што на секој купувач и хуманист му се подаруваа 3Д цвеќиња изработени од учениците на ll-3 одд при ОУ „Коле Канински“ и од дечиња од ДГ „Коца Василева“. Професионални материјали за нејзините цртежи донираше и Lions club Kabadaya.

Таа дополнително си доби и многу прибор за сликање од многу хумани луѓе во Битола и изразува голема благодарност до сите нив и секако најголема благодарност до наставничката Анкица како најпосветената личност во ликовната уметност која несебично со висок елан работи со дечињата за развивање на нивниот талент.

Четката и сликата се дело на детската душа. Дајте им ги и нека го обојат светот во весели бои.

Голема благодарност до Драгана Спасевска.