Денес за прв пат во традицијата на с. Буково се организираше првата Буковска Василичарска Трпеза, собир каде моментално се присутни околу 300 жители, но во текот на денот ја посетија повеќе од 1000 посетители од блиските села и градот .

За време на оваа манифестација се сврти мазник кој е до димензии од еден метар и паричката падна кај Ице Босилковски.

Најстариот жител на селото, Пандо Мандевски кој има 91 година ја имаше честа да го запали огнот,

Василичарскиот оган во с. Буково, фотографија на Далибор Митковски Зага Продукција

додека најстарата жена Драга Соклевска прва ги пречека и дарува најмладите коледарчиња од с. Буково.

Сите жители имаат посебно место на оваа манифестација со нивните домашни производи кои ги презентираат на места достапни и бесплатни за секого направени од нивните вешти раце.

– На богатата трепеза има 450 домашни колбаси тешки околу 75 кг., домашна ракија и варено вино, заедно со музика и многу традиционално домашно јадење кое му даваат посебна димензија за еден успешен почеток на нова Василичарска манифестација, за која се надеваме дека ќе стане долгогодишна традиција.

елта е зближување на сите Буковци кои заради пандемијата се оддалечени , додека околу 90 жени и 100 мажи две недели го подготвуваа овај собир… ни изјави Горан Кабровски кој е организатор на манифестацијата и Претседател на месната заедница во с. Буково.

Фотографии Сашо Ставрев