Започнувајќи од 16.00 ч. денес на 10-ти Април па се до 05.00 ч. на 13-ти Април за Битола и територијата на цела Македонија се воведува полициски час и тотална забрана за движење за сите граѓани освен за лицата кои имат дозвола и мораат да одговорат на нивните работни задачи.
На граѓаните им е забрането излегување од нивните домови и дворови. Ова ќе биде прв викенд во историјата на градот Битола кој ќе паметиме како забранет викенд и да се надеваме дека сето ова е само за наше подобро утре.
Владата дозволи посебен режим на движење за лицата со попреченост во деновите на викенд од 11:00 до 13:00 часот.
Оваа мерка за дозвола на движење за лицата со попреченост се однесува и на лицата што ги придружуваат овие граѓани за време на дозволеното движење во наведените временски периоди.
На денешната прес-конференција на Министреството за здравство немаше истакнато нов случај на КОВИД-19 во Битола и остануваме со бројка од вкупно 8.
Со помин да ни е драги битолчани.
Фотографија Photowall_Pro