Макар што бројот на клавирите во Битола бил за почит, целовечерните клавирски концерт биле исклучива реткост, оттаму да ги има само како маалски концерти”, кога вљубеник во клавир за своја душа“ изведувал некаков непланиран концерт за себе, кој траел додека го понесувала музиката, а во кој уживање како непланирана публика имале соседите и случајните минувачите и токму тие на Битола й го придодадија атрибутот „град на клавирите”.
Се случувало, меѓутоа, да се доживеат и наслади преку формата „скратен концерт”, кога со музика од клавир се надополнувала програмата на одделен музички настан. Такво задоволство на 25 јануари 1936 год., приредила Калипсо Налча на прославата на свети Сава, исполнувајќи едноподруго неколку клавирски точки од Шопен – IX, êtude, Моцарт – Rondo alla turca и Албенис – Seguidillas, оставајќи впечаток на вистински клавирски концерт.

Прв целовечерен клавирски концерт во Битола се случи дури на 24 февруарии 1943 год. Додека низ Европа се воделе најинтензивни воени дејствија, на иницијатива на „Германско-бугарското здружение“, во нашиот град пристига млад, веќе афирмиран германски пијанист, Ѓутнер Вајнерт, кој приреди концерт за паметење. Го одржа во најсоодветниот и најакустичниот објект, салата на Офицерскиот дом пред крајно одбрана публика, нудејќи уживање на подзаборавени музички класици, Хендел, Моцарт, Бетовен и др. Присутниот битолски хроничар остави сведоштво и за концерот и за реакциите, запишувајќи дека гостинот со виртуозна прецизност“ беше ја исполнил „Чијакона” од Хендел, со продлабочено чувство го направил и со „Ѕвездената соната” од Бетовен, во која, откако посебно ја нагласил романтичноста на првиот дел, во кого јасно ја истакна меланхолијата и резигнацијата…
дополнувајќи ги дискрешно благозвучнище разложени акорди, со што ги допре срцата на присутните“.

Неговото големо мајсторство особено било доживеано на крајот, брилијантен пристап исполнил и една полонеза од Шопен, па општиот впечаток што го наметна беше прашањето, а и јадот, зошто битолската публика е лишена од вакви настани и зошто не се организираат истите почесто.
Битолчани, благодарејќи на концертов дознале дека Вајнерт бил роден 1915 год. дека со музичка активност започнал да се занимава во 1934 год., ја продолжил до 1938 год., кога се запишал во Вишата музичка академија во Берлин, а откако ја завршил, настапувал на концерти низ Германија и странство, најпрвин во Финска, Естонија и Летонија, па во Италија, Романија, Југославија, Хрватска, Шведска, жнеејќи секогаш успеси и еве сега и тие имале среќа и да го видат и да го доживеат неговиот голем
музички талент.

Воодушевената публиката по секоја точка го наградувала со бурни аплаузи, а по изведбата, претседателот на Друштвото
Димитар Лучански го поздрави со посебно одбрани зборови искажани на германски јазик.

Извадок од книгата Музика на проф. Александар Стерјовски