Желни јавно да ја манифестираат силата на триумфот, Месното седиште на трезвените млади од Битола со сите свои трезвени организации и други национални и човечки институции во недела, 28 мај, ќе го организира ДЕНОТ НА ТРЕЗНИТЕ.
Во 10 часот претпладнето во Општината беше формирана поголема поворка од сите битолски училишта и културни друштва со Воена музика на чело. Имаше околу четири илјади лица во поворката, меѓу кои беа забележани и многу значајни личности на Битола. Поворката се движеше по ул. Крал Петар (Широк Сокак) до Офицерски Дом.
Пред многуте граѓани кои присуствуваа на настанот говор одржаа проф. Иван Кањух и Војислав Илич кои со голем жар во говорот зборуваа против пиењето алкохол и алкохолизмот.
Проф. Иван Кањух говорејки за националното значење на трезвеноста кажа дека младината е таа која треба да биде предводник за да го спаси народот од канџите на алкохолизмот, бидејќи тие не се свесни каква опасност има за поединецот и општеството, но исто така да имаат и доволно храброст да ја искорени таа штетна навика. Воислав Илиќ трезвеноста ја истакна како синтезата за сите доблести, додека движењето е идеалистичко со стремеж кон врвен живот.
По говорот на Кањух, како и после говорот на Илич битолската младина изведе бурна манифестија за воздигнување на идејата за водење трезен живот и на тој начин номинално го илустрира нејзиниот борбен идеализам и ентузијазам за трезвеност.
Попладне, во салата на Офицерски Дом беше организирано матине со следната програма:
Со оваа прослава Битола доби уште поголема културна вредност а месното седиште на Битола уште еден голем успех…
Весник “Јужна стража”