Битолчанката Сања Поповска моментално се соочува со една од најтешките и неизлечиви болести, мултиплекс склероза и за нејзината борба се одлучи да ја опише во нејзиниот прв роман „Девојката со портокалова марама“, чија промоција се одржа на 7-ми Март во кафе барот Везилка.

Големата поддршка за Соња од најблиските и пријателите како и од целокупната битолска јавност не изостана и е уште една потврда дека „Девојката со портокалова марама“ не е сама во нејзината битка за подобрување на нејзината состојба.

Авторката го одбра месец Март бидејќи е месец за будење на свеста за лица заболени со МС. Да се надеваме дека уште повеќе ќе се поткрене актуелноста за присуство на оваа болест и зголемување на помошта за нејзино рано дијагностицирање и лекување.

Романот Ви е достапен на продажба во кафе бар Везилка, лоциран во комплексот Безистен.