Врз основ на Договор за Грант-ИПА-2017/394-257-БХМК -03 потпишан со Здружението ХРАНА ЗА СИТЕ- Банка за Храна на Македонија – Скопје преку проект финансиран од ЕУ преку ИПА програмата за граѓански организации и медиуми 2016-2017, се имплементира проектот „ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ”.
Како организација носител е Здружението „БИРЛИК ЈЕКИПЕ“ Велес во партнерство со здружението „ЗЛАТНО ПЕРО” од Битола.
Овој проект накусо, се состои од
Ширење на мрежата на банка за храна со нови членови од Битола, Неготино, Градско, Прилеп, Новаци и Демир Хисар
Креативна кампања за идејата на банкарството за храна преку конкурс за стрип на истата тема, како и последователни изложби и каталог.
Конкурсот за стрип е отворен до 30.11.2019 г и право на учество имаат ученици од горенаведените општини. Исто така, локални здруженија се ангажирани за имплементација на проектот на локално ниво преку мапирање.
Проектот „ПОМАЛКУ ХРАНА НА ДЕПОНИЈА А ПОВЕЌЕ ПО ДОМОВИТЕ“ завршува со еднодневен Форум за развој и проширување на мрежата на БАНКА ЗА ХРАНА на Македонија.
Истиот ќе се одржи во месец јануари идната година и е наменет за здруженија и локални самоуправи од Битола, Неготино, Градско, Прилеп, Новаци и Демир Хисар .На овој форум ќе се презентираат искуства од досегашното постоење на Банката за храна , од потребата од донирање на вишок на храна , договараат идни активности итн.