– Предвидени се средства за подготовка на проектна документација за решавање на проблемот со бездомните животни

– Продолжуваме со заедничка соработка, само така можеме да ги решаваме проблемите и да ги заштитиме животните

– Ќе ги интензивираме работните средби, по што јавноста ќе биде информирана и за следните активности

За да се реши проблемот најпрво треба да се започне со примена на стратегија за масовна стерилизација, како и да се воведе одговорно сопствеништво на миленици и контролирана трговија со истите, спроведување на кампања за заштита на животни, ограничување и контрола на слободната продажба на високотоксични материи, кои се злоупотребуваат за труење на животни, поголем инспекциски надзор низ градот во откривањето на мачење на животно.

Претседателката на Советот на Општина Битола Габриела Илиевска, Градоначалникот Тони Коњановски, Директорката на ЈП Комуналец Гордана Наумовска, претставник од Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници од Фондацијата Бибевски, здруженија за заштита на животните, ветеринари денеска одржаа состанок на кој акцентот беше ставен на решавањето на проблемот со бездомните животни од кои произлегоа горенаведените заклучоци.