Компанијата Кромберг & Шуберт Македонија Бт ДООЕЛ годинава ја доби националната награда за најдобра пракса во полето на Безбедност и Здравје при Работа земајќи ги предвид сите усллови за работа на вработените како и сите превентивни мерки за заштита од вирусот Covid-19.

Изборот за националната награда за најдобра пракса во БЗР се одржа подоцна од предвидениот термин кој начелно е 28 април со што се обележува и Европската недела за БЗР поради ситуацијата со пандемијата, а на истиот имаа аплицирано вкупно 23 компании што означува значително зголемен интерес во однос на ланскиот избор каде имаа аплицирано само 8 компании. Ова покажува дека свеста за безбедноста и здравјето на работното место се зголемува и сѐ повеќе компании се приклучуваат и ги согледуваат придобивките од безбедно работно место.

 

 

 

 

 

 

 

Членовите на конкурсната комисија од Министерството за Труд и Социјална Политика извршија посета во производствениот погон на фабриката каде можеа да се запознаат со различните работни места и индустриски процеси кои се одвиваат во погонот. Исто така беше извршен увид во документацијата која е релевантна за целиот процес на БЗР за да се добие целата слика за имплементирањето и следењето на процедурите кои произлегуваат од самиот Законот за БЗР.

Најголем акцент беше ставен на имплементацијата и придржувањето кон превентивните мерки против корона вирусот, категорија во која КШМК-Бт убедливо се издвојува во однос на сите правила и процедури кои се произлезени од препораките на Светската Здравствена Организација и Министерството за Здравство, особено што во компанијата е воспоставен и специјален тим задолжен за следење на придржувањето кон мерките.

 

 

 

 

 

 

 

При изборот можеа да земат учество сите компании кои аплицираа на повикот кој беше отворен од страна на Министерството за Труд и Социјална Политика. Кромберг & Шуберт, со своите 5500 вработени ја освои наградата во категоријата големи компании со над 250 вработени и со тоа докажа дека и покрај големиот број на вработени може да се почитуваат сите правила и процедури доколку има воспоставен стабилен систем.

Им честитаме за освоената награда и им посакуваме уште повеќе успеси во наредните активности.