Во словенската митолошка мисла се верувало дека душата може да влезе во пеперутка или некое бело животно и дека во тој облик може да го посетува или да остане во домот, бидејќи постоело верување дека некои души не можат лесно да се оделат од своите блиски.

Според раскажувањата на очевидци кои престојуваат во црквата св. Ана на денот кога е нејзината слава, во внатрешноста на црквата за време на Богослужбата се појавува пеперутка. За неа се верува дека е душата на големиот светец и нејзиниот заштитник која прелетува над сите присутни во нема тишина. Од присутните тогаш не се слуша ниту еден глас, кратко завршува нашиот очевидец кој секоја година е на овај настан и кого го полазија морници кога заврши со неговото раскажување.

Некои од посетителите со нож делкаат мали парчиња од кората на старото стебло, кое се наоѓа во задниот дел од храмот.

Дел од старото стебло во внатрешноста на храмот

Според легендата дрвото е св. Ана и веруваат дека тоа ќе им донесе здравје и среќа во фамилијата.

Многу од посетителите пијат од изворот кој се наоѓа на тоа место верувајќи дека неговата вода е лековита и помага за лекување и здравје.

Верувањата во светите нешта и божјите чуда останаа долги години помеѓу нашиот народ. Многу од нив се пренесени преку народни легенди и преданија. И на нас останува тоа да го негуваме и пренесуваме.

Црквата се наоѓа на надморска височина од 1410 m, на 2,5 km југозападно од селото Маловиште во висока букова шума. Постојат сведоштва дека манастирот постои од средината на на XVIII век. Денешната црква е изградена во 1936 година, а конаците се доизградени подоцна.