Ѓавато — планински превој во југозападниот дел на Македонија, кој ги поврзува планините Бигла на север и Баба на југ, а ги раздвојува Преспанската Котлина на запад и котлината Пелагонија на исток. Во непосредна близина на превојот се наоѓа истоименото село.
Во самото стеснување на 1168 мнв кај највисоката точка Дервен се наоѓа црквата Пресвета Богородица, местото каде некогаш беше првобитната локација на с. Ѓавато . Во блиското подножје на преминот спрема страната на Битола има голема ширина каде некогаш функционираа два објекти како ресторани и одморалишта, по еден од двете страни.

На времето ова место беше задолжително за застанување и мал одмор на битолчани кои патуваа кон Преспа или Охрид и обратно. Тука имаа мала пауза со нивните возила бидејќи од угорнината голема беше веројатноста да “скуват” нивните фичулина или 101-ци. Тука немаше игла каде да се фрли.

Објектот од десна страна на патот Битола – Ресен

Додека превојот на Стража функционира беспрекорно со развивање и проширување на нови бизниси, маркети и кафе ресторани од кои најпознати се “Мекиците на Стража” , превојот Ѓавато каде дневно поминуваат над илјада возила и патници моментално е во катастрофална состојба, напуштен и плива во ѓубре.

Објектот од десна страна на патот Ресен – Битола

Малите паракливчиња св. Никола и св. Ѓорѓи сеуште се неми сведоци на убавите времиња каде битолчани уживаа во чистиот планински воздух и свежината на потпелистерската вода.

Параклис св. Никола

Параклис св. Ѓорѓи

Околината плива во ѓубре од несовесните посетители

Дали е до нас самите или веќе сите надлежни имат кренато раце од сѐ, не можевме толку едноставно да заклучиме на крај?!

Веќе позната приказна за сите нас…За жал.