Синоќа во 19.00 ч. во кафе бар „Чаршија“, во срцето на битолската чаршија пред битолчани беа претставени кандидатите од советничката листа на Поинаку предводена од Габриела Илиевска.

Чиста животна средина, добра инфраструктура и зголемен економски развој се приоритети на граѓаните, па затоа се и приоритети во нашата програма. Квалитетно образование, кариерни советувалишта, уредени паркови, велосипедски патеки, бројни културни манифестации, спортски сали,терени и настани, се само дел од она што е содржано во програмата која е изработена од битолчани.

Покрај кандидатите беше преставена и нивната програма која за сите нас е во печатена форма како весник.

Драги Битолчанки и Битолчани,

На 17-ти октомври Битола конечно мора да биди ослободена.

Ослободена од начинот на кој се носат одлуките за нејзината иднина и од партиските стеги координирани од Скопје.

Битола мора да се избори за својата независност.

Секој поединец на оваа листа има свои заложби и идеи и истите ќе бидат дел од она што ќе се направи во Битола во идниот период.

Ослободени од стегите на партиските штабови и шаблони, ќе покажеме дека и работата на општинскиот Совет и животот во Битола може да се одвива ПОИНАКУ од досега!

Поинаку е последната шанса на Битола !

„-Не правиме скапи митинзи со вашите пари“… беше пренесено на крајот од нивната програма, преставувајќи ги и визуелно нивните идеи според кои во Битола може и ПОИНАКУ да се живее.

– Остануваме доследни на тоа што одамна сме го ветиле, а тоа е дека ќе бидеме Поинакви од сите други, такви остануваме и понатаму!

За целата програма на Поинаку ТУКА