Изненадување од Просветно дело токму пред почеток на новогодишните и на божиќните празници. Нова сликовница за прекрасните принцези: Маја, Снежната Кралица, Шехерезада, Василиса, Нефертари, Мулан, Белиот Крин, Брадамант, Гвеневир, Анжелика, Покахонтас, Воут!

Имајте неверојатно патување околу светот со овие незаборавни принцези. Чудесни приказни инспирирани од литературата и од фолклорот. Дванаесет преубаво илустрирани портрети на прекрасни и шармантни принцези.

BITOLA TOUR GUIDE / ПРЕВЗЕМЕТЕ ТУКА _____________________________________________________________________________________

Со оваа голема сликовница ќе патуваш насекаде низ волшебни и мистериозни земји: од срцето на Стара Европа, до песокливиот Древен Египет; од бескрајните кинески полиња, до разнобојното Карипско Море; од ветровитите планини на Истокот до студените острови на Северот. Страница по страница ќе запознаеш неверојатни ликови и ќе откриеш што ги прави толку уникатни и незаборавни. Секоја од нив има приказна за кажување и мала тајна за откривање…

ПОДГОТВИ СЕ. ЗАТВОРИ ГИ ОЧИТЕ, СТАВИ ГО ПРСТОТ НА МАПАТА…И НЕКА ЗАПОЧНЕ ПАТУВАЊЕТО!

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here