Познатите светски аналитичари и заговорници на теории деновиве ги споделија нивните предвидувања за она што би можело да се случува за развојот и подемот на нашиот град . Претпоставките се базирани врз досегашните случувања, изјави и анализи од предвидувањата на Нострадамус и Баба Ванѓа. Ние би додале: Шо сака нека биди, кафе само на Широк Сокак да има.
- Битола 2055 година
- Население 200.000 битолчани
- 150.000 битолчанки, 50.000 битолчани
- Сите која од која пуба, битолчаните мака мачат шо да одберат за озбилно.
- Копанки е ултрамодерен планинарски дом со луксузен базен на тераса, хелиодром и голем поглед над Битола. Дан Билзаријан е чест гостин и сите сториња на Инстаграм му се од таму.
- Ски Центарот Пелистер функционира беспрекорно за четири сезони со четворосед жичара која води од Трново до Молика, Копанки, Видиковец, Стив, Илинден, Пелистер, Скрково, Муза и Ниже Поле од едната страна, Голема и мала чука и Вртешка на другата страна. На зима се скија, се борда, се планинари, се разгледува Баба Планина од различни точки со поглед према Битола, Стрежевско Езеро и Преспанско Езеро. На лето маунтбајкинг, зипинг, параглајдинг и планинарење со можност за престој во ултра модерните хотели Молика, Копанки и Големо Езеро.
- Ниже Поле, Трново и Магарево се монденски места каде битолчани имаат екстра луксузни ресторани, казина, кафулина и вили со базени за еден дел од зимата и летото.
- Затворениот базен функционира беспрекорно, стадионо е со сите 4 трибини, покрив и рефлектори. За отворањето се поканети Ролинг Стоунси ако се живи со пресадени срца и бубрези. Резервна варијанта Дино Мерлин 80+. За загревање Јошката ќе пеј на англиски и ДЏ Ацика. Реал Мадрид со Барселона ќе играт финале тука. Ако игра Роналдо ќе победи Реал со 1:0 од слободен, ако не 0:3 за Барселона. Да не е многу оти еден куп навивачи за Реал имаме тука.
- Свечено отворен аеродромот и космодромот со највисоки почести и делегации. Елон Маск почесен гостин. За време на зимските месеци маглата се решава со аеросол и во рок од 5 минути имаме прегледност до Солун и Солунска Глава.
- РЕК е ултрамодерен комбинат на гас и сончева енергија кој сеуште ја рани со струја цела Македонија. Тука дополнително се согорува цело ѓубре од Мегленци и се добива струја за извоз со 0 честички загадување зошто филтрите се Мицибуши. За битолчани струјата е гратис, ако сака некој да уплати средства слободно можи да донира во Елем. Седиштето од Скопје е преместено во Битола без ниту еден скопјанец.
- Шахтите се нивелирани со асфалтот и на битолските улици нема ниту една дупка. Продавниците за автоделови трпат огромни загуби.
- Сливниците се жедни за атмосферска вода. Со најсофистицирани автоматски пумпи вшмукуваат 100 литри во секунда. Водата се филтрира и на крај стигнува во домовите, поголем дел како техничка вода за наводнување на дворовите и Пелагонија. Од улица Ѓорче Петров конечно ги продадоја гумените чамци, чизми и заштитните елеци. Повлечена е и спасувачката служба со се набљудувачницата поставена кај Џокле и Нојко.
- Битолчани се движат со електромобили, поурбаните со електрични тротинети, а побогатите со дронови и квадрихоптери.
- Бесплатна струја, бесплатна вода, бесплатен интернет, леб на пола цена заради производството на големи количини пченица од Пелагонија. Битолчани се со 180.000 денари (3000 евра) просечна плата. Започнаа со 30.000 ден. во 2017, па 34.000 во 2020, и да сакат денар неможат да потрошат настрана. Кабадајлуко се тера на максимум со старата фраза на Трајко Џандаро со длабок глас: “Уживаме брат”.
- Воздухо исчистен 100%. Градот конечно е уреден, чист и без зрнце ѓубре. Конечно на нула е намалена веројатноста за да се оформи некоја невладина организација или акциска група која ќе ги изманипулира битолчани за чистење на воздухот или метење, за потоа да служат како припомош во политиките од страна на власта.
- Апаратчињата на Платформата Земи Здив конечно зедоја здив и функционираат со песна. Воздухо милина. Најпопуларна му е “Take a breath away” .
- Експресниот пат Битола Скопје Грција е нешто невидено, со четири ленти во двете насоки. Штета шо не се користи бидејќи повеќето битолчани се возат со беспилотни летала, мали авиони и квадрихоптери.
- Битола е независна. Битолчани не се чипирани од Бил Гејтс. Нив можат да ги чипират само од партија. Затоа забранет влез во сите партиски штабој.
- Се возат 150.000 точаци. Се оставаат незаклучени насекаде. 150.000 милозвучни ѕвончиња дрнкат на сите страни.
- Улица Илинденска уште ја прат.