Битолчани инвентивни. После големиот порој од дожд во текот на вчерашниот ден, кој буквално во еден саат ги преплави битолските улици, а најповеќе населба Баир или Бајро како шо милуваме да си го викаме, се појави нова река во Баирскиот реон, а битолчани, сеирџии, во фејсбук групата Битолски проблеми започнаа со доделување на име за реката…
Ви ги преставуваме најдобрите предлози:
- Река Илинденска,
- Западен Нил,
- Црвена река,
- Баирчанка,
- Баирска река,
- Нутела,
- Кака река, па се до
- Амди Бајрам и
- Кока-Кола…
Да се надеваме дека на следниот референдум граѓаните покрај за Името ќе се изјаснат и за овие предлози… 😊😊😊