Налик на руски капи, но немаат врска со нив. Рецептот сама си го измислив и адаптирав од чоколаден колач и баш супер ми испаднаа колачите. Излегуваат околу 15 колачи.

Состојки
Пандишпан
1,5 шола јогурт
1,5 шола брашно
1/2 шола масло
1/2 шола шеќер
2 лажици какао
1/2 лажица сода бикарбона
1/2 лажичка зачин за медењаци
Прелив
300 мл млеко
100 г темно чоколадо за готвење
3 лажици шеќер
2 лажици какао
Глазура
едно растопено чоколадо

Припрема

Сите состојки за пандишпанот се мешаат со жица за матење и смесата се истура во делимано тавата број 26. Се печи на 200 степени 20 минути. После печење се лади убаво и се вади надвор. Се сечат кругови со помала чаша и се делат на 2 дела.

Се вари млекото со шеќерот во тенџере, се додава и какаото и чоколадото и се вари до соединување и растопување на чоколадото. Одделете од оваа течност настрана околу 150 мл, а во останатата течност ставете ги искршените делови пандишпан кои ви останаа. Измешајте убаво да се направи како фил. Ако е премногу сув филот, додадете малку млеко.

Од овој фил се става врз еден круг, па се става одозгора другиот круг. Се макнува колачето странично во какао течноста која претходно ја тргнавте настрана, па се прпелка во кокос.

Откако ќе ги завршите сите колачиња, растопете едно чоколадо и нанесете по 1 лажиче чоколадо одозгора врз секое.

Чувајте ги во фрижидер.

Рецепт на Гордана Аџиева-Михајловска