На меѓународниот турнир Софија Опен 2020 Нинџуцу клуб од Битола настапи со вкупно 13 претставници. Турнирот беше за Џиуџицу и Граплинг дисциплини, односно борење со кимоно и без кимоно во конкуренција од 24 тимови од 5 земји кои зедоја учество (Македонија, Бугарија, Србија, Романија и Грција). Нашите претставници се бореа во двете дисциплини и неколку од нив зедоја учество и во апсолутните категории каде се покажаа одлично. Тројца претставници се бореа во категории за деца под 18 год., а сите останати во сениорска конкуренција. Успешни борци имавме и во највисокиот ранг и таму се оствари успех во одлична конкуренција во супер изедначени борби.
Дури 11 изгубени финалина поради мали грешки, замор, отсуство на концетрација, но сега со поголемо искуство и показател дека сите борби беа доста изедначени и најчесто се одлучуваа на тактика многу поретко на завршници.
За најдобри борци на турнирот се покажаа Бојан Милески кој освои 2×Gold во своите категории (juvenile -74) и сребро во апсолутна No Gi Adult каде се бореше со 30 кг. потежок противник и одработи одлична борба која ја изгуби на поени, Филип Божиновски Злато Adult Advenced 80 kg No Gi, Злато во апсолутна плави каде со победи заедно во финале стигнаа со Мирко Додевски, и сребро во adult (purple, brown, black belts дивизија).
Одлично одработија добри борби и Трајче Мицевски и Игор Додевски кои се закитија со злато во категории. За неколку борци ова им беше прво меѓународно искуство и преку него сватија колку треба посветеност, напорен и разумен тренинг и на следни турнири ги очекуваме во многу подобро издание.
Честитки Нинџуцу клуб Битола