Владо Атанасов (1910-1969) во Битола дошол во 1944 година, како бегалец од родниот Дебар. Кувенџускиот (кујунџија) занает го научил во Дебар, од мајстор кој му бил зет за сестра.

Во Битола дошол со семејствата на своите двајца браќа Јосе и Методија. Веднаш по војната отворил дуќан во битолската чаршија и во него работел до смртта во 1969 година.

Во Битола му се родиле трите ќерки: Цвета (Баковска), Здравка (Чипуровска) и Мирјана (Андреевска).

Како и сите кувенџии, накитот го изработувал ноќе, а го продавал дење. Наутро, сопругата Слободанка му носела појадок во дуќанот.

По појадокот, го изложувал накитот и продавал до пладне. Одел дома да руча со семејството, одморал и повторно приквечер се враќал да изработува накит.

Го нашле починат во самиот дуќан, над работната маса, на 10 мај 1969 година.

Неговиот мајсторлук и вештина се највидливи во филигранските парчиња кои ги оставил во наследство на семејството.

Дуќанот на познатиот бутолски кујунџија во старата битолска чаршија

Голема благодарност до Елизабета Баковска за нејзиното раскажување…

Врати порака

Please enter your comment!
Please enter your name here