Сите празници имаа своја логика. По долгите зими, каде се jaде мрсна калорична xpана, на организмот му е потребен пост. кој всушност би бил баланс рамнотежа на телото. Цела зимница, месо се истрошија, пљ во пролетниот период изборот беше осукуден. Но, од друга страна, пролетта нудеше нешто пософистицирано. Природна, храна која изобилува со минерали и витамини. Тоа нашите мајки го знаеја и го користеа во исхраната. Се сѐ зазеленуваше, дрвјата цветаа, копривите, киселецот, спањакот, листовите лозница, штаве од кои нашите мајки правеа разновидни специјалитети. Приготвуваа разни јадења: варени, пропржани со сол, буковска пипер. Копривите џаркаа, но ние стававме ракавици кој какви имал, искинати. Одевме кај кожарата, под линија, во ливадите покрај Баирот, Смолево.
Џаркаат, ама кога ќе си напрајме чорбица од коприви, зелниче, манџиче со оривче, мртви усти да јадат, зборуваше чичко Танас.
Со водата од обарените коприви ги миевме косите. Косата добиваше сјај.
Сите убајни се во природата. Господ дал многу рабоќе да ги имаме, та сме богати со разни јадењишта. Само треба да се собери. Ни садење, ни вадење, ни скопвање сака самоникни сет, ама сет најубај, најздрави. Коњите, гојдата јадат само тревје, зато сет здрави, та дават: млеко, месо, јајца. Од млеконо: сирењина, урда, маштејнца, кисело млеко. Убајни има тука, околу нам, ама ние луѓево сме се научиле на разни бргудии. Купваме шо требит и шо не требит. Триста пати сет поздрави луѓево в село од градскине. Овие градскине, голи золи. Мрзи. Тики се преправат. Не знат оти од тревјено се прат лекој. Од лекој, чајој се лечат сите болештини. Ја ко е реков на мајка ти да пие чај од коса од кочанине, бубрезите ѝ оздравја. Нејќит да признал, чути само од себе поминало. Штубај сет копривјено во комат. Та тројчка урда, некое јајце, да се скиниш од јадење, всушност, Танас стекнатото искуство од селото, го пренесуваше со наречје од Цапари.
-Пости идат, Славко, немој не чини, немој да го лутиш Господ. Вечер е амкање. Проштени поклади. Се проштева, душо, тие деца се. -Донка смирено и делеше совети.
Постите почнуваа со вечерното амкање, традиција Проштени поклади пред Велигден. На сукало се врзуваше варено јајце со конец. Ќе се наместевме сите и со јајцето од уста на уста се вртеше со сукалото. Кој ќе успеете да го фати јајцето со устата, тој ќе го изедеше. На Проштени поклади добивавме турска алва. Бела, тврда, забите да ти се сокршат. Но блага, штом се стопеше во устата, ни беше најубав десерт. На Проштени поклади сите со рака се ракуваа со зборовите „прости ми ако ти грешив“, а како одговор велевме „простено ти било“. Така, на Славка и подадовме рака, да побараме прошка.
Губејте се оттука. Вам ни рака ни ништо не ви дава. Мавнете ми се од пред очи. Оган ве изгорел. Кај ве намери ѓаолот тука. Дерман се нема од вас ни дење ни ноќе, ни прочка, ни враг не ве спасва.
Тоа беа очекувани реакции. Нам ни беше важно да ни простат домашните, да си простиме еден на друг помеѓу другарчињата.
Постите траеја долго. Барем нам така ни изгледаше. Се јадеа пиперки, маслинки, грав, лешта, алва, мармалад. Рајна правеше толчени пиперки. По цела низа на врвца во голем лонец и најмалку три кила компири се вареа. Ќе ги истолчеше во големо тенџере, додаваше сол, толчен лук, малку врело масло. Кога ќе се навртевме, три пешници леб јадевме со макање. Слатки ни беа, како мед да сме јаделе. Пролетно време беревме штаве, киселец, коприви, лист од лозница, посни манџи, зелници, мазници. Потоа се облекуваа во селски народни носии и шетаа по градот. Го нарекуваа Карневал. Нам не ни требаше да се облекуваме во карневалски алишта, бевме карневал и без тоа.
За Велигден темелно се чистеа домовите. Гардероби, сергени, креденци. Се переа черги, јоргани, пердиња, веленца, батании, дифтици. Варосуваа некои сами, а некои викаа бојаџии, кои носеа свој алат. Во тоа време беше модерно да се обојат одаите со валјак. Го викаа „басма“. Мотивите сами си ги бираа. Кај нас, од Евреите, имаше прекрасна темно зелена басма, со лисја на златни гранки вистинско мајсторско дело. Мајка ми неколку години не се осмелуваше да ја вароса одајата во која живееја моите бабички. Ги варосувавме кујната и големиот салон.
Bap се купуваше кај Житни пазар, во тесниот сокак во чаршијата, наспроти уредот. Го продаваа во грутки. Се ставаа во старо тенеќе, се тураше вода. Варот ослободуваше силна жештина, клокотеше. Опасно беше да се допре, бидејќи гореше. Некои варџии кажуваа, како луѓе изгореле. Од изгореници месото им паѓало. Се договоривме ние, децата, да ги варосаме ѕидовите во кујната и салонот. Од дуќанот на Цветанка бојаџивката купивме зелена боја. Бевме предупредени да внимаваме на бојата, бидејќи е многу јака. Во претходно спремената канта вар, мешајќи ја бојата, мислевме дека ќе ја постигнеме бојата од спалната. Со четка, што ја донесе Думбалот од дома, успеа Вангел да ги обои само двата ѕида. Но, ни снема и вар и боја.
Јас ќе дојсам вар од кај нас. Нам ни остана полојна- се јави Јани. Неделата пред Велигден одевме во турската бања, која се најдуваше на улицата „Димитар Влахов“. Денес кога минувам покрај турската бања, или анам бања, како што ја викавме, помислувам зошто ја оставиле урнатина. Зарем не може да се реконструира? Оставена на забот на времето се претвора во чудовиште. Мислам, доколку ја оспособат, успешно ќе работи. Од проста причина што, иако имаме сопствени капатила, со задоволство би оделе младите како во сауна.
Љиљјана Дијакова Томичиќ “Огледало на животот”