Посни мекици

од April 3, 2022 0 коментари

Овие мекици ги направив со тесто за леб. Го направив тестото и бидејќи беше поголема количина, решив да експериментирам и да направам неколку мекици. Се изненадив колку нема разлика во вкусот со класичните мекици кои ги правиме со млеко и јајца. Одлични за време на пост. Може да си ги комбинирате со маслинки, џем или со растопено посно чоколадо ако сте во време на пости.

400 г брашно
250 мл топла вода
2 лажици масло
1 лажица шеќер
1 лажиче сол
20 г квасец
масло за пржење

ПОДГОТОВКА:

Растворете го квасецот во топлата вода со шеќерот и додадете ги брашното, солта и маслото. Измешајте убаво со лажица, а можи и да користите миксер со прикачени маталки за тесто.
Покријте го тестото со стреч фолија и оставете го да нарасни 1 час.
Потоа тестото не го премесувајте, само нежно обликувајте го во 1 целина.
Загрејте поголема количина масло. Со набрашнети или намастени дланки, кинете од тестото, обликувајте неправилна форма и ставете да се пржи на умерена температура од двете страни додека убаво не порумени мекицата.
Готовите мекици ставајте ги на хартија за да се впие вишокот масло.


www.macedoniancuisine.com

Babam Bitola

Comments are closed.