Во текот на последните два дена од престојот во Франција,од страна на домаќините беа организирани повеќе активности. Еднодневна посета на плажата Јута и воениот музеј на истата, посветен на истоварувањето на сојузниците во Нормандија и посетата на островот Татиху.
Во последниот ден беше организиран еднодневен излет на островот Монт Сен Мишел каде беше посетен манастирот на врвот на островот. Традиционално, на огромно задоволство на децата беше пешачењето по дното на океанот за време на осеката околу островот.
После заминувањето од Франција,на патот за Битола последниот ден од патувањето беше исполнет со активности при посетата на Минхен. Англиските градини и Баварскиот дворец во центарот на градот ги воодушевија сите ученици.