Битолско минато

Со ПЕТ (ар) во ПЕТ(ок)

Петар Ставрев

Специјално за Бабам Битола

Димитар Ристевски (77) од с. Груниште по завршување на Учителската школа во Битола, во 1962 год. се вработи во Централното училиште „Борис КидриЧ“ во с. Старавина во кое гравитираа и подрачните училишта од селата Градешница, Будимирци, Зовиќ и Груниште. Кога во Старавина имаше над 500 жители во училиштето се школуваа од прво до осмо одделение околу 500 ученици. Во првите десет години од учителствувањето Ристевски предваше географија, историја и музичко образование, а во 1981 г. вонредно дипломира историја на факултетот во Скопје, но тоа не му пречеше да работи со хорот, пеачката група и мандолинскиот оркестар со кои учествувајќи на општински и регионални културно-уметнички смотри, фестивалот „Илинденски денови“ освојува повеќе награди и признанија.

Како претседател на Здружението за ревитализаија Мариово, Ристевски придонесува да се изгради водовод во селата Старавина, Градешница и Будимерци, да се асвалтира делницата на патот од Маково до Рапеш, а од 1973 г. до 1978 г. Димитар Ристевски станува директор на училиштето, во кое со намалување на бројот на учениците тој е и последниот директор на ова училиште, во кое за многубројните активности во 1979 г. ја добива највисоката награда на Битола „4 Нември“.

Со окрупнување на Основното образование, тоа се припојува кон училиштето „Славко Лумбарковски“ во с. Новаци, а во 1984 г. поради немање на ученици, училиштето престанува со работа, а Ристевски се до пензионирањето во 2005 г. 21 г. предава историја во училиштето „Даме Груев“ во Битола.

Ристевски и натаму не престанува со својата успешна професионална ангажираност. Освојува две први места на државни натпревар, десет години е претседател на Здружението за ревитализаија на неговото родно село Груниште, каде дава придонес да се реновира и изгради камбана на црквата „Св Димитрија“ како и конаци со помошни простории на манастирот „Св Петка“, а моменталлно со општината Новаци е во подготовка за поправка на патот до с. Груниште, каде живее еден жител, а на последните парламентарни избори во с. Старавина гласаа 6 последни жители. Димитар Ристевски како станар во зградата продолжува со своите активности во месната заедница.