Б О Л Е С Т А
Никогаш незнаеш
од каде и кога
доаѓа таа:
дали од воздухот
што го дишеш,
дали од студот
што ти навлегол
длабоко в коски,
или од луѓе
што незнаеш ни кои се…
И почнува
болеста да те мори,
некој оган невидлив
длабоко гори,
некој студ и треска,
кашлица,
во градите болка,
коски што вртат…
Над се’ надеж,
“Ќе мине!” речи
и моли се на Бога.
Болеста е опомена
дека си само човек:
со дијагноза-
обичен човек…4.10.20. Панде Манојлов