За оние кои не ја знаат приказната за Хачико, тоа е куче од расата Акита, кое секој ден во текот на цели 10 години го чекал својот сопственик на железничката станица во Токио кој за жал починал, а на ова место тие двајца последно се разделиле . Токму оваа верност истрајност е потсетник за сите нас дека Битола цели 30 години чека прифатилиште за бездомни животни. 30 години, апсолутно ни една локална самоуправа не покренала никаква иницијатива за решавање на овој проблем!
И после сите политички игри, ширење на хистерија, обвинувања и лаги, денес со гордост можам да кажам дека нашата верност кон вас, преточена од приказната на ХАЧИКО, станува реалност…
За 10 месеци имаме …

✅ЛОКАЦИЈА
✅ПРОЕКТ
✅ДОЗВОЛА ЗА ГРАДБА
✅ЗАВРШЕНА ЦЕЛОСНА ПРИПРЕМА ЗА ПОСТАВУВАЊЕ ПРИКЛУЧОЦИ ЗА ВОДОВОД И КАНАЛИЗАЦИЈА
✅НАРАЧАНИ БОКСОВИ
✅СРЕДСТВА ОБЕЗБЕДЕНИ СО РЕБАЛАНС

И најважното за кое денес сме посебно горди , донација во вредност од 600 000 денари од Фондацијата Бибевски за изработка на ограда. Фондацијата со која Поинаку има потпишан меморандум за соработка пред избори, а по донесувањето на денешната одлука и меморандум со Општина Битола.
Со ова за краток период ќе завршат градежните работи за надворешниот дел од прифатилиштето и во рок од 30 дена очекуваме дозвола од Агенција за храна и ветеринарство.
Дозвола која никогаш ја немала Битола.
Наредна година со следниот буџет за 2023 година обезбедени 40 милиони за изградба на целиот објект.
Верни кон нашите сограѓани битолчани, Битола можи ПОИНАКУ!