Академијата за боречки вештини и спортови “ЗА НЕД ДО” по пауза од над 20 години го организираше некогаш традиционалиниот Камп за преживување. И по толку долго време Кампот е ненадминат спортско – едукативен настан кој го нема никаде во светот во овој облик и оваа форма.

Имено во периодот од 11-ти до 16-ти Јули 2019 година, Академијата за боречки вештини и спортови “ЗА НЕД ДО” го организираше Кампот за преживување насловен како “Fight For Yourself” кој се одржа во битолското село Гопеш.

Самиот терен и условите го направија еден од најектремините, како учесниците не се соочија само со начинот на преживување и тренинг во природа туку и се соочија со самата неа, безброј змии, диви свињи, инсекти.

На кампот учество зедоа 30 учесници – членови на Академијата за боречки вештини и спортови “ЗА НЕД ДО” како менторот Златко Неделковски одлучи оваа година по подолго време прво да го испита и теренот и степенот на издржливост на своите членови иако на кампот реално се пријавија поголем број на спортисти од преспанско – пелагонискиот регион.

Распоредот кој за задача го имаа учесниците се состоеше од раноутринско будење секој ден во 5 часот, три третинзи во текот на денот, еден предизвик како на пример изработна на примитивно орудие за преживување во природа, начини на палење оган, ориентација во простор додека тренинзите во основа беа кондициони, Кик Бокс, самоодбрана, кардио тренинзи.

Кампот завршуваше во доцните вечерни часови, кога дел од учесниците го започнуваа своето дежурство до рано утринските часови што беше и неопходно но и беше дел од обуката.

Секој од учесниците на крајот се здоби со сертификат чие значење беше поделено во три категории, “А”, “B” и “C” или успешно поминат курс, делумно и земено учество на камп.

“По подолго време се одлучив повторно на ваков начин на одржување на семинар т.е. камп, затоа што сметав дека денешната младина нема да може да одговори на предизвиците. Искрено бев и јас делумно скептичен, но ме изненадија поголем дел од учесниците.

Некој не издржаа на предизвикот. Некој се предадоа, некој со солзи во очите но со поголемиот дел беа на висина на зададените задачи кои од моја професионална гледна точна се нешто кое нема компарација дури ни на светско ниво, затоа што сметам дека кампот е единствен од ваков вид затоа што тренинзите и преживувањето траеше шест дена и пет ноќи 24 часа без прекин, електронски уреди и цела модерна технологија која за жал денес е нераскинлив дел од секојдневнието на секој човек.” – изјави Grandmaster Златко Неделковски кој го осмисли и раководеше кампот.