Благодарение на битолчанецот Игор Велјановски, кој моментално работи во Англија и е близок пријател со еден од најдобрите балкански фудбалери Немања Матич (Манчестер Јунајтед), во најбрз временски рок се подарени портретите нацртани од Теона и Тиана Вучева кои се ученички во Гимназијата Јосип Броз Тито од Битола.
Теона и Тиана изразија голема благодарност до Игор , додека големото задоволство на Немања е забележливо на самиот израз на неговото лице.
Инаку Теона и Тиана покрај цртањето се фудбалерки во ЖФК Атлетико и големи љубителки на фудбалот.
Браво Теона и Тиана.