Романот ,,Девојката со портокалова марама,, кој беше посветен на лицата со мултипна склероза, го доби своето продолжение со наслов ,,Портокаловата марама“.

Авторката, Поповска Сања, повторно ни ја опишува борбата на главната хероина со болеста мултиплекс склероза, анксиозноста, предрасудите, и за една љубов која може да победи се. Овој пат акцентот е ставен на нејзината поддршка,односно нејзиниот сопруг.

-,, Со овој роман, сакам да им упатам порака на младите девојки кои се носат со оваа дијагноза, да не се плашат да љубат и да бидат љубени. Бидејќи сите мажи не се исти. Едните се кукавици а другите се мажи кои обожаваат ризици и умеат да се носат со тој ризик. “

Во романот ,, Портокаловата марама“, не е избегнат родниот град на главната хероина , Битола. Всушност , со Битола и го завршува динамичниот крај на приказната.
Во продолжение, делчиња од романот каде се спомнува нашиот град:

Ако одам во Битола ,

ќе прошетам по Широк сокак ,

А на Дембел чаршија кафе ќе се напијам ,

младост мило ќе си спомињам.

Еј , мори моме , како да речам ,

за Солуна , за Стамбола неа не давам….

Во еден глас , пеевме или така го нарекувавме тоа , кога веќе наближувавме кон нашата Битола . Кога влеговме во нашиот град , како да влеговме и под друго небо, поубаво , посилно „чувство“ кое верувам го чувствувавме и двете . Го знаев тоа по нејзината насмевка , по нејзиното потскокнување од седиштето , како да сакаше да излета од автомобилот и да летни на Широк сокак .

***

Со Ивана , го нарачавме нашето кафе и уживавме во глетката , се додека погледот не ми залута кон Panta rhei .Тоа беше сончев часовник кој беше поставен во 2004 та да го краси широк сокак . Арапските букви го означуваа зимското сметање на времето , а римските летното . Досега , не сум му обрнала толкаво внимание , но сега , некако се ми имаше некаква смисла . Panta rhei во превод значи ,,се тече , се се менува“ , една од најпознатите изреки на старогрчкиот филозоф Хераклис , која која всушност е точна и овој сончев часовник е поставен баш на вистинското место. Широк сокак ги пречекала и ги испратила сите времиња кои поминале низ неа , задржала дел од едно време и оставила другите времиња да врват низ неа . Бидејќи како што кажал филозофот Хераклит ,,ниеден човек на овој свет не поминал низ иста река два пати“. Така и ние денес , Ања и Ивана , две жени , кои копнеат по својот град , кој веќе не е ист како од нивните сеќавања , дошле нови времиња , но и ние веќе не сме тие девојки кои го живееа својот безгрижен живот .