Порака од најголемиот поборник за истакнување на посебноста на македонскиот јазик Крсте Петков Мисирков.
Да се откаже човек од својот народен јазик, значи да се откажи тој и од народниот дух. Со тоа само се објаснуваат намерите на покорителите, да направат покорените да се откажат од својот јазик и на негово место да го изучуваат нивниот. Исто така, со тоа се објаснува упорноста на покорените народи да го сочуваат сето свое духовно народно наследство, а особено јазикот. Таква милост кон нашиот народен јазик треба да имаме и ние, ако сакаме да останеме верни на духот на нашите прадедовци.
Милоста кон народниот јазик е наш долг и наше право. Ние сме должни да го милуваме нашиот јазик, зашто тој е наш, исто како што е наша и татковината!Споменици на Крсте Петков Мисирков во Битола, Скопје и Пехчево
Извор Патувања низ Македонија
Текст Христијан Аџиоски