Во текот на денешниот понеделнички ден под влијание на циклонот ФЛОРИЈАН во текот на претпладнево ќе имаме умерено облачно време со сончеви периоди, топло и спарно. Можна е само ретка појава на краткотраен дожд и грмежи.

Од пладневните часови па натаму ќе биде променливо и нестабилно со локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Локално процесите можно е да бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и застапени во форма на НЕВРЕМЕ проследено со поинтензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и услови за појава на град.

Максималните дневни температури на воздухот во Битола и битолско ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени.

НАПОМЕНА: Во случај на појава на електрични празнења граѓаните да бидат КРАЈНО ВНИМАТЕЛНИ.

Со почетокот на новиот месец, август продолжува доста нестабилното време кое ќе го условува ФЛОРИЈАН.

За подетални информации контактирајте ме на мојот официјален фејсбук профил каде можете да ја погледнете и секоја ново – обновена временска состојба – СЛАВЧО ПОПОСКИ.