Положи ДРЖАВНА МАТУРА по АНГЛИСКИ ЈАЗИК со првиот прирачник за оваа намена во издание на Просветно дело!

Од авторот Леонора Каталиниќ.

Прирачникот е наменет и за учениците и за наставниците, и претставува водич низ испитот по англиски јазик и неговите делови. Целта е подобрување на техниките за читање и за пишување преку јасни инструкции, вежби со објаснувања и примери од текстови слични на оние од матурскиот испит. Изборот на текстови и теми е во согласност со наставната програма за средно образование, а јазичното ниво одговара на Европската јазична рамка (ЦЕФР).

Тоа што го прави овој прирачник посебен се корисните совети за двата дела од испитот, вежбите за секоја предлог-задача, со конкретни стратегии и пристап на решавање и одговори со објаснувања кои го олеснуваат учењето. Освен моделите за видови писма, статија и есеј, прирачникот вклучува примери од писма и од текстови, придружени со корисни коментари во однос на: структурата, содржината и јазичните елементи во секој текст. За проверка на стекнатите знаења и вештини, дизајниран е посебен тест на крајот од прирачникот. Вклучена е и посебна листа со сврзувачки зборови и фрази, како и поимник со одредени клучни термини.

Со овој прирачник ќе се совладаат техниките за читање долги и кратки текстови и ќе се извежбаат стратегиите за решавање различни типови прашања поврзани со текстовите. Исто така, ќе се достигне степен на успешно пишување одредени текстови, со препознатлива структура и формат, на завидно јазично ниво.

Прирачникот е достапен во сите книжарници на Просветно дело.