Првиот настап во СЕХА-лигата, Еурофарм Работник ќе го има на 4 септември на домашен терен против Спартак Москва, додека во Лигата на шампионите, првиот дуел е на 15 септември против Спортинг Лисабон од Португалија.
Како што анализира стратегот на „фармацевтите“, Стевче Алушовски за Гол.мк , ова е историска година за тимот и дека со полна сала, може да се забележат победи и успеси на европско тло.
„Сите тимови во групите на Лигата на шампионите се силни, а некои од тимовите имаат традиција, додека некои се како нас, со полна сила, ентузијазам и мотив. Се надевам дека на домашните натпревари ќе имаме полна сала, пеколна атмосфера и тоа ќе биде голема предност за нас.
Повеќе ТУКА