Сведоци сме на големите климатски промени кои се случуваат последните десет години – енормно високи летни температури, ретки но интензивни дождови, како и надпросечни температури во есенскиот период. Сето ова се рефлектира и во се почести пожари, но и поплави.

Навремена реакција но и превенирање на ризиците се од кличен фактор за намалување на ризиците поврзани со шумските пожари, како во урбаните така и во дивите области, како и да се подобри управувањето со поплавите во регионот.
Овие активности се дел од проектот :„ ПРЕВЕНЦИЈА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРЕКУГРАНИЧНИ КОМПЛЕКСНИ ПОПЛАВИ И ШУМСКИ ПОЖАРИ – SOLVE “ што го спроведува Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола. Овој проект е дел од Програмата за прекугранична соработка со Грција 2014-2020 година, која спаѓа во Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија.
На 26-ти октомври во непосредна близина на селото Годивје во Oпштина Кривогаштани беа изведени две тренинг-показни вежби. Овие вежби се фокусираа на справување со шумски пожари и управување со ситуации од поплави.

Во вежбите учествуваа единиците од ТППЕ Битола, ТППЕ Кривогаштани, ТППЕ Крушево, како и единицата на ДПД Архангел од Битола.