Советникот од Поинаку, Иван Чулакоски на последната одржана седница на 01.12.2021 г. јавно од говорница побара чист воздух за битолчани, за кој едниот Градоначалник им се потсмеваше да дуваат во него за да се исчисти, додека другиот после него немал магично стапче за да направи нешто повеќе во врска со тоа:

– Програмата за животна средина не смее да биди на 4 страни. Извештајот на инспекцијата за животна средина за 2021 година содржи 14 зборови. Во моментот едните имаат локална власт, другите централна власт. СЕГА Е МОМЕНТОТ ЗА БИТОЛА. Кога можи владата да субвенционира овчари, зелена нафта и летови на WizzAir тогаш можи да дај и “Субвенции за Живот за битолчани”
– Ако нема милум има силум. Нека разберат еднаш во Скопје колку значи Битола за Македонија.

На наредната седница на комисијата за животна средина ќе бидат повикани експерти од областа, невладини организации, сите советници и претставници од Општина Битола.

Предлог мерки за комисијата:

– Сертифицирано огревно дрво за Битола
– Еколошки јавен превоз
– Еколошка полиција
– Замена на греењето во јавните институци

Нас ни е за воздухот. Од срце. Одиме Поинаку.