Вчера на 90 годишна возраст почина Владимир Хаџи-Јовановски Беби , битолски хроничар, филателист, колекционер на книги и фотографии, планинар и член на Ризичната група и еден од симболите на Стара Битола. Беби постојано беше наш ценет соработник, доколку некој дел од стара Битола не го познававме или ни беше нешто нејасно, тој секогаш беше тука за нас. Уживавме во неговото друштво во домот на ул. Јорго Османо во строгиот центар на градот, каде часовите со него врвеја за миг, а приказните за Битола не застануваа и тоа епизоди од после Првата светска војна па сѐ до ден денес. Битола за жал остана посиромашна за уште еден голем битолчанец.
Телото денес ќе биди изложено во црквата св. Димитрија од 11-13.00 ч. Закопот ќе биди во Буковски гробишта.
Сочувство до неговата фамилија.
Нека почива во мир.